Париз ги зголемува безбедносните мерки за Новата година

Сподели

Париз за новогодишните празници ќе ги зголеми мерките за безбедност, бидејќи за прославата на Новата година „Жолтите елеци” најавија дека ќе одржат протест на авенијата „Шанзелизе“, каде што вообичаено се собираат голем број туристи.

Франнцуската полиција во соопштението наведува дека во Париз ќе биде забранет сообраќајот во поголемиот дел нај улици во центарот на градот.

За време на протестите на „Жолтите елеци“, кои во Франција започнаа на 17 ноември, загинаа 10, повредени се повеќе од 1.000, а приведени се 4.341 лице.