Париз: Напаѓач со автомобил повреди шестмина војници

Сподели

 

Најмалку шестмина француски војници се повредени утрово кога во нив удрил напаѓач со возило во предградието Левалоа Пере, во северозападниот дел на Париз, според јавувањата на медиумите.

Француската полиција соопшти дека го разгледуваат инцидентот и во тек е потрагата по извршителот.

Двајца од шестмината повредени војници се во сериозна состојба, објави телевизијата „BFM“ (БФМ).

Патрик Балкани, градоначалник на предградието, за француската телевизија изјави дека сторителот намерно удрил во војниците кај историската зграда Плаце де Вердун, во близина на Градското собрание.

Војниците нападнати во инцидентот беа дел од операцијата „Сентинел“, национална безбедносна операција за заштита и одвраќање на напади во Франција.

Франција е во вонредна состојба од ноември 2015 година и беше цел на серија на напади.