Околу 1.000 луѓе се собраа во Париз во знак на поддршка за мигрантите оценувајќи дека Франција недостојно се однесува спрема луѓето кои бегаат од конфликтните области.
„Мигрантите се добредојдени“ извикуваа демонстрантите кои носеа такви плакати испишани на француски, арапски и англиски јазик.
Демонстрантите, помеѓу кои и приврзаници на левицата, претставници на синдикати и разни здруженија, се собраа во северниот дел на Париз каде што се наоѓа мигрантскиот камп со 3.800 луѓе кои во текот на месецот беше преселен на друго место.
Собирот помина мирно.