СВР Охрид одржа работен состанок со претставници на угостителските објекти и надлежниот пазарен инспекторат, со цел за доследно спроведување на хигиенско-безбедносните протоколи за работа на кафетериите и угостителските објекти за исхрана во Охрид и поголема заштита од вирусот Ковид 19.
На угостителските работници им беше нагласена неопходната примена и строго придржување до сите одредби на владата и Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, со цел спречување на внесување и ширење на заразниот вирус, придржување до работното време и до другите одредби од Законот за угостителска дејност. Неопходност од поставување на соодветни средства за дезинфекција на секоја маса, задолжителното растојание до 2 метра помеѓу масите, задолжително носење заштитни маски и зачестена хигиена на рацете за вработените во објектите, почитување на ограничувањата за дозволен број на гости, послужување само на оние гости кои може да седат или преку шалтер ќе подигнуваат нарачки, забрана за послужување на гости на шанк и стоечки маси – се вели во соопштението од СВР Охрид.
Исто така, угостителските објекти не можат да организираат музички настани на отворен и затворен простор и дека е задолжително менаџирање со редарски служби на влегувањето на гостите.