Претседателот Стево Пендаровски, согласно со Уставот, денеска ги испрати петте одлуки со коишто беше прогласена вонредна состојба во државата во услови на пандемија на вирусот Корона, за потврдување од страна на Собранието.
Одлуките беа донесени во периодот од март до јуни оваа година на предлог на Владата и во ситуација на распуштено Собрание, без можност да одржи седница на која самото би можело да одлучува за потребата од вонредна состојба во услови на пандемија.