Пендаровски и Османи-Садриу положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“

Сподели

 

Во рамки на официјалната посета на претседателката на Република Косово на РС Македонија, претседателот Стево Пендаровски и претседателката Вјоса Османи-Садриу положија венци на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“ во Скопје.

 

Претходно, претседателот Пендаровски во претседателскиот кабинет, на официјална церемонија со највисоки државни и воени почести ја пречека косовската претседателка, а по одржаната тет-а-тет средба и пленарниот состанок на официјалните делегации двајцата претседатели одржаа заедничка прес-конференција.