Пендаровски ја официјализираше својата кандидатура за претседател 2024

Сподели

 

Претседателот Стево Пендаровски ја официјализираше својата кандидатура за втор мандат и упати повик до граѓаните да му дадат поддршка.

„Првата и главна причина поради која влегувам во трката за претседател е поради тоа што зад себе имам мандат без ниту една стратешка грешка, без ниту една корупциска афера и ниту еден случај на непотизам или судир на интереси поврзан со мене, моето семејство и моите најблиски соработници. Јас на овие избори излегувам како претседателски кандидат не само за да учествувам, туку за да победам“, кажа Пендаровски.

“Добив поддршка од луѓе кои ме познаваат, кои и не ме познаваат, од професори и јавни личности, да им се заблагодарам за довербата која ја имаат кон мене. Во недела очекувам СДСМ да ја официјализира својата поддршка за мојата кандидатура. Од понеделник ќе имам средби со сите партии од нивната коалиција. Во мојот прв мандат станавме членка на НАТО, а очекувам во вториот мандат да станеме членка на ЕУ. Во изминатите пет години покажав дека претседателот може да биде независен од било кои центри на политичка или економска моќ вклучително и во однос на оние кои го поддржале. Во нашата земја не постои човек или партија која може да каже дека ги контролира или диригира моите одлуки“ рече Пендаровски.

 

 

“ Договорт со Бугарија не беше спорен три години, но стана проблем кога Бугарија под притисок на комунистичката стара гарда почна да измислува причини за блокада кои во самиот договор ги нема. Тезите дека некој ќе ја промени преговарачката рамка и дека ќе направи подобар договор со ЕУ се политичка фатаморгана” посочи Пендаровски.