Пендаровски: Нашите војници се професионално обучени по НАТО стандарди

Сподели

 

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на свеченоста во касарната „Илинден“ во Скопје, по повод завршувањето на учеството на Армијата на Република Северна Македонија во мировната мисија во Исламската Република Авганистан 2002/2021.

 

 

„Оваа мировна мисија потврди дека нашите војници можат да служат успешно во рамките на било која мировна мисија, дека се обучени на највисоко професионално ниво и во согласност со највисоките стандарди на НАТО. Се разбира, оваа мисија немаше да биде можна без поддршката од нашите тогашни партнери, а сега сојузници – САД, Обединетото Кралство, Турција, Чешка, Грција, Норвешка и Германија“, порача претседателот Пендаровски.

Чест ми е што, како Врховен Командант на вооружените сили, сум овде денес, на оваа церемонија организирана по повод враќањето на последниот наш мировен контингент од Авганистан. Најпрво сакам на нашите мировници да им кажам – добредојдовте дома! Вие бевте таму во служба на својата земја, но и во служба на народот на Авганистан кој треба да ги ужива истите права, кои ги имаат и другите народи во светот. Затоа сакам, во свое лично име, но верувам и во име на сите наши граѓани да ви искажам огромна благодарност, изјави претседателот Пендаровски.

 

 

Вие со вашата професионалност и посветеност на најдобар начин ја претставувавте својата земја. Оваа мировна мисија потврди дека нашите војници можат да служат успешно во рамките на било која мировна мисија, дека се обучени на највисоко професионално ниво и во согласност со највисоките стандарди на НАТО.

 

 

Изразувам голема благодарност и до сите мировници од целиот свет, во сите меѓународни мировни мисии и им оддавам почит за нивниот придонес за помирен и побезбеден свет, истакна претседателот Стево Пендаровски.