Својата дводневна посета на Грција претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски ја зпочна претпладнево, со положување венец пред Споменикот на незнајниот војник на платото пред грчкиот парламент, пренесува мета.мк.
Тој потоа пред Претседателската палата во Атина, на официјална церемонија со државни и воени почести, беше пречекан од претседателката на Грција, Катерина Сакеларопулу.
Засега нема подетални информации што разговарале двајцата претседатели на нивната средба.
Подоцна Пендаровски треба да се сретне и со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, а ќе се сретне и со градоначалникот на Атина, Костас Бакојанис, информираат од претседателскиот кабинет.
Предвидена е и средба со амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Грција, Џефри Пјат.
Официјалната посета на претседателот Пендаровски на Грција претставува прва историска посета што ќе се реализира на највисоко ниво меѓу двете држави.