Пендаровски: Скопје сè уште живее со споменот за настраданите во катастрофалниот земјотрес

Сподели

 

Денеска се одбележуваат 59 години од земјотресот, кој на 26 јули 1963 година, во 5 часот и 17 минути, катаклизмично го сруши Скопје.

“Скопје сè уште живее со споменот за настраданите во катастрофалниот земјотрес од 1963-та.

 
Оваа незаборавна трагедија е потсетник дека најважна е нашата безбедност и дека само заеднички можеме да ја надминеме секоја природна и човечка катастрофа”, напиша претседателот на државата Стево Пендаровски на неговиот официјален ФБ профил.
 
Во разорниот земјотрес животот го загубија 1.070 лица, а околу 3.000 беа повредени. Беа урнати 15.800 станови, а оштетени околу 28.000. Над 200.000 луѓе останаа без покрив над главата. Првата помош за граѓаните на Скопје дошла од војската и граѓаните на тогашните југословенски републики, а неколку дена по земјотресот започнала да пристигнува помош и спасувачки екипи од целиот свет. Точно 87 нации од светот испратиле некаква помош во Скопје кои помогнале градот да се изгради повторно, поради што го носи и епитетот „град на солидарноста“.