На 8 април, во променливо облачни временски услови, на Факултетот за Ликовни Уметности, се одржа националното финале на Red Bull Doodle Art! и дознавме кој ќе ја претставува Македонија на светското финале во Амстердам!
На националното финале кое се одржа на Факултетот за Ликовни Уметности, и ги содржеше делата на 20 креативци од Македонија, Петар Шулевски беше прогласен како победник на Red Bull Doodle Art во Македонија за 2023 година. Сега, овој млад талент ќе има шанса да соработува со Burnt Toast (професионален NFT артист), со цел да се подготви за светското финале во Амстердам, Холандија, каде ќе се прогласи светскиот победник на Red Bull Doodle Art.
Од повеќе од 1.200 пријавени шкрабаници во Македонија, делото на Петар
се издвои како победничко, според мислењето на локалното стручно жири
кое се состоеше од: Горан Миќиќ (тату артист и основач на MG Tattoo & Piercing Studio), Сатја Грабулоски (дизајнер на патики и основач на брендот SwithADot) и
Никола Димов (човекот позади уметничкиот проект Kole Arthouse).
А сега, Петар го очекуваат неколку одлични проекти во неговата цртачка
кариера:
Соработка со артистот BurtToast, со цел заедно да го претворат делото на Петар во NFT и да го презентираат на светското финале во Амстердам
Соработка со македонското студио S With A Dot и создавање на лимитирана колекција на патики со победничката
шкрабаница на Петар
Учество на Академија за графички дизајн на Brainster, која ќе му помогне да ги надогради своите вештини.
Му посакуваме многу среќа на Петар на светското финале и се надеваме дека ќе се врати дома крунисан како светски Red Bull Doodle Art победник!