Пилот програма – Вакцинација и во метрото во Њујорк

Сподели

 

Од утре вакцинацијата против коронавирус ќе биде можна во метрото во Њујорк, со само една доза на вакцина произведена од Џонсон и Џонсон, изјави гувернерот на американската сојузна држава Њујорк Ендру Куомо.

Вакцинацијата ќе биде организирана во шест станици во метрото во Њујорк, како дел од пилот програмата.

Вакцинираните лица ќе имаат бесплатно возење, еднонеделна пропусница за патување.

– Ќе го видиме одговорот на граѓаните, рече Куомо, додавајќи дека властите размислуваат за начини да ги привлечат граѓаните да примат вакцина против коронавирус.

Околу 60 проценти од 20 милиони жители на државата Њујорк примиле барем една доза на вакцина.