-Искачувањето го започнавме од Инфоцентарот на НП Пелистер на 1350 мнв, се движевме по патека долга 14 км, во правец на Цапарска пресека, Ловечка куќа, се до врвот Пелистер каде пристигнавме околу 5,30.
Први на први“ е прв спортски настан на Балканот, можеби и поширок, и полека но успешно прераснува во еден препознатлив битолски бренд. Целта на овој настан е да ги промовираме убавините и потенцијалот на НП Пелистер кој го има и нуди во насока на идниот економски развој на поширокиот регион. Исто така, со овој настан сакаме да ја поттикнеме љубовта кон планината и планинарењето, вели Иванло Тошевски, претседател на Олимпус Монс и еден од организаторите на настанот.
Секоја година магијата на првото изгрејсонце на Пелистер е уникатна, велат организаторите, а годинава беше надополнета со огномет. Настанот е проследен со интересни случки кои долго се паметат, па имало запросување, почеток на нови врски, нови пр.ијателства.
Настанот „Први на први“ е во рамките на новогодишната програма на Општина Битола, „Зимска приказна“.
Емилија Мисирлиевски