Пленарната седница за предлог-буџетот за 2018 година, е закажана за денеска во 11 часот.
Во Дополнетиот предлог буџет се вградените шест амандмани прифатени во расправата во прво читање во собраниските комисии и со амандмани од страна на Владата со кои се направени зголемувања на финансиските средства за гасификација во висина од 120 милиони денари, кај блок дотациите за градинки, основни и средни училишта и културни установи за 200 милиони денари, кај Фондот за здравство за 100 милиони денари и кај Инспекторатот за животна средина за 10 милиони денари.Вкупните приходи во Буџетот за 2018 година се проектирани на 193,5 милијарди денари, а расходите на 211,7 милијарди денари.
Опозицијата најави дека нема да учествува на оваа седница.