Грција денеска соопшти дека со по 100 евра ќе ги казни лицата на возраст од 60 години како и постарите, кои не ја примиле ниту првата доза од вакцината против Ковид-19, пренесуваат медиумите во регионот.
Соопштението доаѓа во време кога Грција е погодена од новиот ковид бран и кога се зголемува бројката на новозаразени случаи со коронавирус, објави Ројтерс.
Мерката ќе стапи на сила на 16 јануари и нема да има исклучоци, освен за лица кои не можеле да ја примат вакцината поради медицински причини.