Полициските хеликоптери од воздух го надгледуваат градот, а на одредени критични точки воените возила се во состојба на готовност
БРИСЕЛ (АА) – По терористичките акции во текот на викендот ширум Белгија, во метро станиците во главниот град Брисел засилени се мерките за безбедност, јавува Anadolu Agency (AA).
На најфреквентните станици во Брисел влезовите ги контролираат припадници на силите за безбедност.
Полициските хеликоптери од воздух го надгледуваат градот, а на одредени критични точки воените возила се во состојба на готовност.
Главната железничка станица вчера беше евакуирана поради две патни торби оставени без надзор. По неколку часа, станицата беше повторно отворена, а контрадиверзантските тимови утврдија дека станува збор за лажна тревога.
Во текот на антитерористичките акции во повеќе белгиски градови во петокот и саботата приведени се најмалку 40 лица, од кои 12 се уапсени поради планирање на терористички напад.
Федералното обвинителство изјави дека белгиската полиција во рамките на антитерористичките акции во Брисел и во другите градови, извршила рации во 40 станови и 150 други станбени објекти.
Во терористичките напади на аеродромот Завентем и метро станицата Маелбек на 22-ри март загинаа 32, а повредени беа 270 лица. Одговорнота за нападите ја презеде терористичката организација ДАЕШ.
Според податоците на министерството за внатрешни работи на Белгија, најмалку 611 Белгијци отишле, се обиделе да отидат на сириските боишта или се загинати таму.
Откако француски полицаец на 14-ти јуни беше убиен во домот, на полицајците во Белгија им се советува по завршувањето на смената да го носат оружјето со себе.
AA.COM.TR