Победниците на UPSHIFT ќе работат на решенија за намалување на штетните последици од загадениот воздух

Сподели

Победниците од третиот циклус од програмата за социјални иновации UPSHIFT посветен на темата ВОЗДУХ, заедно со нивните ментори и со финансиска поддршка од програмата, во следните три месеци ќе работат на решенија за намалување на штетните последици од загадениот воздух:

– Тимот Титани од Соу Ѓорче Петров Прилеп ќе развива прочистувач кој функционира преку процес на фотокатаклиза.

-Тимот AuraSilens од Gimnazija Algoritam – Скопје ќе развива трислојна филтер рамка за прозори која ќе штити од штетни материи од воздухот но и бучава од сообраќајот.

– Тимовите Smoke Busters од СОУ ,,Гостивар” од Гостивар и Eco Shield од СОУ Св. Кирил и Методиј – Неготино ќе креираат мултифункционални прочистувачи на воздух напојувани од обновливи извори.

– Тимот Екоревитализатори од СОУ “Љупчо Сантов“-Кочани ќе креира интегриран систем од воздушен филтратор и звучен изолатор наменет за училиштето.

Честитки до сите учесници во тридневната работилница за нивната креативност и посветеност! На победничките тимови УНИЦЕФ им посакува многу успех.

Embassy of Sweden in SkopjeФонд за иновации и технолошки развојLEAD