„Поблиску“ од Патрик Марбер, нова претстава на Прилепски театар

Сподели

Во Театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп се во тек подготовките за претставата „Поблиску“, по текст од Патрик Марбер, во режија на Кирил Петрески. Ова е праизведба на „Поблиску“ во Прилепскиот театар.

Во претствата играат: Наташа Ачански, Катерина Чакмакоска-Клинческа, Илија Волчески и Дарко Карбески.

Костимограф е Александар Џинго, а изборот на музиката е на режисерот  Петрески и Томе Темелкоски. Премиерата е планирана за мај.