Почина актерката и изведувачка на шансони, Костадинка Велковска

Сподели

 

Во Загреб почина Костадинка Велковска, театарска, телевизиска и филмска актерка со македонско потекло. Зад себе остави многубројни телевизиски и филмски улоги.

Родена е во 1948 година во Скопје, од каде што во 1968 година заминува за Загреб за да студира глума. По завршувањето на студиите, глумеше две години во театарот во Дубровник, а потоа доаѓа во Загреб во театарот „Керемпух“, каде што останува до пензионирањето.

Велковска глумеше во сериите: „Забранета љубов“, „Засекогаш соседи“, „Нашата мала клиника“, „Не се откажувај, Нина“, „Дар-мар“, „Битанги и принцези“… Оствари улоги и во филмовите: „Бомбашки процес“, „Браво маестро“, „Последниот подвиг на диверзантот Облак“, „Јазол“, „Духот на баба Илонка“ и многу други.

Нејзината прва телевизиска улога беше во серијата „Неосвоен град“, ТВ Загреб од 1982 година, а последна улога ѝ беше улогата на Розалија Црнчевиќ во серијата „Дар-мар“ од 2021 година. Беше изведувачка и на шансони на хрватски, македонски, француски, германски и на италијански јазик. Во нашата држава гостуваше во Драмски театар во 2018 година со претставата „Светица на темнината“ каде што го толкуваше ликот на Мајка Тереза.