Почина еден од најпознатите македонски архитекти, Јован Стефановски – Жан, автор на многу објекти во државата и странство.
Меѓу неговите најпознати дела се Милениумскиот крст на Водно, новиот театар и преку 550 други објекти во Македонија и светот.
Архитектот Јован Стефановски Жан е роден во Скопје 1948 година, дипломирал на Архитектонско-градежниот факултет во Скопје (1973).
Добитник е на многубројни награди во Македонија и во светот.