Почнува аудио-снимање на судските рочишта во Кривичен суд

Сподели

 

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска ќе биде промовирана техничката опрема за аудиоснимање на судските расправи, донација од Амбасадата на САД во Скопје.

По тој повод Судот ќе го посети делегација на Амбасадата на САД во Скопје предводена од амбасадорката Кејт Мари Брнс.

Од Судот информираат дека со новата опрема денеска ќе биде аудиоснимена главна расправа на предметот со К. бр.1500/19.