Под мотото „Култура сега“ од 25 до 29 јули во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга ќе се одржи шестото издание на фестивалот „Дрим Он“. Во рамките на петдневната програма ќе се реализираат книжевни промоции, дискусии, музички концерти, театарски претстави, дискусии и изложби.
Фестивалот е во организација на здружението „Иницијатива за независен културен активизам-ИНКА“ – Струга, во копродукција со НУЦК „Браќа Миладиновци“, а се реализира со поддршка од Министерство за култура преку Годишниот конкурс за интердисциплинарни проекти, како и од фондацијата Отворено општество Македонија.
– ДримОН апелира за културни настани и во провинцијата, за кварт на култура во Струга, деметрополизација, современост, интердисциплинарност, интеркултура, уметничка автономија, за унапредување и оплеменување на културните институции, за право на култура до сите.