Од денеска до 7.јануари почнува гласањето за потеснaта листа на филмовите конкуренти за номинација за „Оскар“, меѓу кои е и македонскиот документарец „Медена земја“, а резултатите ќе се објават на 13. јануари .
Американската филмска академија соопшти дека „Медена земја“ е влезен во потесниот избор од 15 остварувања за категоријата „Документарен филм“,но и во конкуренција за номинација меѓу десетте филмови во категоријата „Меѓународен филм“.
Оскаровската вечер е закажана за 9. февруари во Холивуд.