Алтернатива Настани

Како да размислиш, намалиш, реупотребиш и рециклираш!

Сподели:

 

На 9. јануари проектниот конзорциум предводен од Европскиот Универзитет – Скопје, организира Финална конференција „Како да размислиш, намалиш, реупотребиш и рециклираш“, која ќе започне од 10.00 часот, на Европскиот Универзитет.

Целта на конференцијата е зголемување на свеста за значењето на циркуларната економија, која повеќе години е дел од приоритетите и стратешките документи на Европската Унија, а е приоритет и за македонските компании и институции со цел да се зајакне свеста и целокупната економија да се ориентира кон циркуларна економија.

Конференцијата е дел од проектот „Онлајн магистерски студии за циркуларна економија“, финансиран од програмата Erasmus+ на Европската Унија, а спроведуван од Европски Универзитет и ПСМ Фондација од Македонија, Универзитетот за применети науки од Латвија, Зелена Инфраструктура од Хрватска и Факултетот за комерцијални и деловни науки од Словенија.

Циркуларната економија претставува нов економски модел кој е фокусиран на дизајнирање и производство на конкурентни материјали за повторна употреба, преработка и рециклирање. Циркуларната е алтернативна на традиционалната линеарна економија, и во неа ресурсите се користат што е можно подолго и максимално се искористува нивната вредност, а потоа од нив се обновуваат и создаваат нови производи и материјали.

Во состав на проектот беше спроведено истражување за состојбата и перцепциите на компаниите за циркуларната економија, се креираа Водич со добри практики, наставна програма за Магистерски студии за циркуларна економија, а се подготвија и наставни материјали – книги и соодветни онлајн материјали за учење.

Регистрација за конференцијата – https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSf9fs2RA4rp8ArFRHv7jWprjv_97HLek7JockBpgI9T3hWaRw/viewform

Сподели: