Почнува национално првенство во триатлон во Дојран под безбедносни протоколи

Сподели

 

Националното првенство во триатлон во Дојран ќе се одржи на 20. септември.

Настанот ќе биде комплетно организиран под строги безбедносни протоколи пропишани од надлежните институции, а со цел заштита на учесниците и на сите инволвирани од коронавирусот.

Натпреварувањето кое ќе се бодува за шампионат на Македонија во триатлон е во организација на Триатлон федерацијата на Македонија  и на општина Дојран. Помагатели се Агенцијaта за млади и спорт и Олимписки Комитет на Северна Македонија. На настанот ќе има над 80 учесници во 12 категории. Триатлон спортот во Македонија засилено расте и напредува и очекуваме убаво организирана и силна трка во недела во Дојран.

 

 

Ги повикуваме сите учесници на настанот, без исклучок, да ги почитуваат протоколите и мерките за заштита од COVID-19. Носењето маска, пред и по трката, е задолжително. Избегнувајте групирање, одржувајте физичка дистанца и редовно дезинфицирајте ги рацете на пунктовите кои ќе бидат поставени за таа цел.

Триатлонот во Дојран нека биде еден убав настан, каде на сите начини ќе ја докажеме спортската дисциплина и одговорност кон другите!

Стартните броевите по категории же бидат поделени еден ден пред натпреварувањата на 19 септември,на плоштадот зад главната зграда на Општина Дојран во период од 17-19 часот.

Стартните броеви ќе може да се подигнат индивидуално или преку тренерите кои имаат можност да ги подигнат сите пакети за својот клуб, според протоколот. (Спортистите треба да обезбедат сопствена заштитна маска (со покриени уста и нос) и гумени ракаваци за една употреба и должни се да ги носат при подигнување на стартните пакети).

 Распоред на трките според саатница, по категории:

Категорија на Сениори/ки (2000 година и постари), Јуниори/ки (2001-2004 година) , Кадети/ки (2005-2007 година) и Рекреативци/ки (2004 година и постари):
8:15-8:50 часот         – отворање на боксот со задолжителен термален скрининг и дезинфекција;
8:30-8:45 часот         – загревање за пливање;
8:55         часот         –  поставување за старт според протоколот;
9:00         часот         –  старт во бранови (на временска дистанца од 20 секунди со пет натпреварувачи во бран);
Временски лимит на трката е до 10:40 часот.

Категорија на Деца 2 (2008-2011 год.):
10:45 часот                  – отворање на боксот и термален скрининг и дезинфекција;
10:50-11:05 часот         – загревање за пливање;
11:10часот                    – поставување за старт според протокол;
11:15часот                   – старт во бранови: (на временска дистанца од 20 секунди со пет натпреварувачи во бран).

Категорија на Деца 1 (2012 и помлади):

11:45часот               – отворање на боксот и термален скрининг и дезинфекција;
11:50-11:55 часот    – загревање за пливање;
11:55 часот              – поставување за старт според протоколот;
12:00 часот              – старт во бранови (на временска дистанца од 20 секунди со пет натпреварувачи во бран).

*Учесниците се должни да ги почитуваат техничките правилата на Интернационалната Триатлон Унија (ITU) и ТФМ, а учеството на трката, како и сите настанати последици, се на сопствена одговорност на натпреварувачите. Задолжително е носење на заштитен шлем и не смее да се настапува со голо тело во било кој дел од натпреварот (освенпливање). Велосипеди со аеро-барови не се дозволени или доколку ги има, не смеат да ја надминат замислената линија на воланот и треба да бидат во затворен круг. Забранет е настап со ТТ велосипеди или велосипеди со помалку од 12 жици на тркалата, соопштуваат од Триатлон федерација на Македонија.