Почнува распадот на Јунајтед! – По Роналдо, заминува и Матиќ

Сподели

Српскиот фудбалер Немања Матиќ повеќе нема да игра за Манчестер Јунајтед, а се почесто се зборува за Италија како негова следна дестинација.

фото: Profimedia

Рома беше повеќе од заинтересирана за препорака на Жозе Мурињо, но сега се вклучи и Јувентус за неговиот потпис.

Новинарот Хари Прат, кој работи за неколку англиски медиуми, истакна дека Немања Матиќ има понуда од Јувентус и дека во тој случај веднаш би добил 10 милиони фунти само за потпис.

Тоа не е се, Матиќ би имал околу 100 илјади евра неделно во елитното друштво на Јувентус.

Да потсетиме, тој во Јунајтед имаше околу 120 илјади фунти неделна плата.

Тој би бил големо засилување за Душан Влаховиќ, одлично друштво и човек кој би можел да ги искористи неговите совети за да ја подобри неговата игра.

The post Почнува распадот на Јунајтед! – По Роналдо, заминува и Матиќ appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico