Почнува судењето за масовното незаконско прислушување

Сподели

Во кривичниот суд за денеска  закажано е судењето за предметот на СЈО, познат со име „Тврдина-Таргет“, за нелегалното прислушување во Македонија.

Обвинети се ексшефот на тајната полиција, Сашо Мијалков, и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. Судењето ќего води новоназначената судијка Џанета Бегтовиќ.

Според обвинението за „Таргет“, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.