Почнува третото алтернативно лето во Охрид

Сподели

 

Во организација на Културолошката иницијатива „5 до 12“ во Охрид денеска почнува третото Алтернативно и културно-забавно лето.

 

Манифестацијата ќе понуди десетина интересни настани, со учество на млади креативни лица, спој на традиционалното и урбаното, витраж од сите видови уметност, спортот, забавата и уживањето. На атрактивни локации во периодот до 26 август низ градот и долж крајбрежјето ќе се одржат концерти, скејт-натпревар, театарски претстави, стендап-настапи, поетски вечери, едриличарска регата, како и тридневно летно кино со автомобили. Целта на алтернативната културна манифестација е промоција на млади артисти и поттикнување на младите да почнат да се занимаваат со уметност и спорт.