Подиганти 50м3 отпад во Центар и Чаир

Сподели

Во текот на изминатото деноноќие, ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше повеќе активности за отстранување диви депонии во чиишто рамки се подигнати и транспортирани приближно 50 кубни метри отпад одложен на јавни или сообраќајни површини. Активностите се одвиваа во неколку скопски општини, така што во скопската општина Центар – на булеварот Мајка Тереза (Водњанска) е отстрането поголемо количество кабаст и градинарски отпад одложени на тротоарот во непосредна близина на ООУ „Кочо Рацин“.

Во оваа скопска општина е интервенирано и на улицата Васил Ѓоргов. Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје расчистија и обемна дива депонија лоцирана веднаш до ООУ „Васил Главинов“ на улицата Џон Кенеди во општината Чаир, а подигнати се и околу 15 кубни метри непрописно одложен градежен отпад во близина на трговскиот центар „Мавровка“.