ЈП Комунална хигиена-Скопје континуирано го собира и го транспортира комуналниот отпад на територијата на скопската општина Шуто Оризари, во согласност со динамиката утврдена со Оперативната програма за собирање и транспортирање на комуналниот отпад од подрачјето на градот Скопје.
Само во текот на месец јуни, екипите на Претпријатието подигнаа и транспортираа вкупно 600 тони комунален отпад од домаќинствата во општината Шуто Оризари, а воедно секојдневно се врши машинско миење на улиците коиш се во надлежност на Градот Скопје.И во претстојниот период, ЈП Комунална хигиена-Скопје ќе продолжи со континуирани секојдневни активности за одржување на максималното ниво на хигиената и чистотата во оваа скопска општина.