Во текот на неделава, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија
две обемни диви депонии лоцирани во скопската општина Чаир.
Активностите се одвиваа долж булеварот Никола Карев (Пластичарска улица), каде што се подигнати и транспортирани околу 15 кубни метри претежно мешан комунален отпад, како и на улицата Рамиз Садик каде што се отстранети приближно 10 кубни метри отпад од картонска амбалажа одложен на јавни и сообраќајни површини.
ЈП Комунална хигиена-Скопје ги информира жителите на градот Скопје дека
секое одлагање отпад надвор од наменски поставените садови претставува
кршење на Законот за јавна чистота и директно ги загрозува јавното
здравје и животната околина.