Британската поддршка за останување во Европската унија изнесува 44 отсто, а 42 проценти од Британците се изјасниле дека сакаат да излезат од Унијата, покажува најновата анкета на „Сандеј обзрвер“.
Британците излегуваат на референдум на 23 јуни на кој ќе одлучат дали сакаат нивната земја да остане дел од ЕУ, што е одлука со долгорочни последици на политиката, економијата, одбраната и дипломатијата како во Велика Британија така и во ЕУ.
Најновото испитување на јавното мислење покажува дека 13 отсто од избирачите се неодлучни.