Политичките партии влегуваат во завршната фаза од кампањата

Сподели

partii

Политичките партии влегуваат во завршната фаза од кампањата, со одржување митинзи и средби со граѓани, и им остануваат уште три дена да ја претстават нивната политичка програма.

Така, денеска СДСМ и Коалицијата за живот во Македонија ќе одржат митинзи во Шуто Оризари (12 часот) и во Чаир (19 часот).

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија ќе одржат митинзи во Ѓорче Петров (17.30 часот) и во Куманово (20 часот).

ДПА ќе има митинг во Струга во Домот на културата во 16.30 часот.

Коалицијата за промени и правда ќе одржи митинг пред Општина Кисела Вода во 17 часот, а ќе има средба и со граѓани во Општина Карпош.

Коалицијата Алијанса за Албанците ќе одржи митинг во Гостивар во 19 часот.

Лидерот на Демократскиот сојуз и носител на кандидатска листа во првата изборна единица, Павле Трајанов, ќе одржи прес-конференција на плоштадот Делфина во Влае во 13 часот.

Носителот на кандидатската листа на Коалицијата ВМРО за Македонија во првата изборна единица, Ден Дончев, ќе даде изјава пред Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во 12 часот.