Полициските службеници од средно раководниот кадар при СВР Скопје ја завршија тридневната обука за програмата „Комуникација со заедниците“, реализирана од страна на сертифицирани обучувачи при МВР, како дел од ICITAP програмата при Амбасадата на САД која се спроведе и во останатите сектори за внатрешни работи.
Во рамки на вториот ден од обуката (04.02.2023) свое учество зема и градоначалникот на Општина Чучер Сандево, Сашко Комненовиќ, кој нив презентација на досегашните активности со полицијата, ја истакна важноста од соработката на локалната самоуправа и МВР.
На обуката, свое обраќања пред учесниците имаа и помошник директорот на Единицата за стратешко планирање, стандарди и контрола на квалитет Ѓоко Котевски и програмскиот менаџер во ICITAP Одделот за правда при Амбасадата на САД Карл Кларк, во кои беше истакната важноста на програмата, со која полициските службеници се стекнуваат со нови знаења и вештини во насока на подобрување на квалитетот на полициската соработка со заедниците.
Процесот на обука на полициските службеници од СВР Скопје беше проследен и од страна на претставници од Центарот за европски стратегии – ЕУРОТИНК, ангажирани од страна на ICITAP.