Мерките, креирани од Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев, што спасуваат работни места и обезбедуваат помош за домашната економија продолжуваат до крајот на оваа година.
Поддршка за исплата на плати, продолжува и за месеците октомври, ноември и декември.
За разлика од претходните месеци, сега, поддршката ќе биде одредена скалесто согласно падот на приходите кај компаниите и самостојните вршители на дејности.
Тоа значи дека колку е поголем падот на приходите во компаниите толку поголема ќе биде поддршката од државата за исплата на платите, односно, таа ќе се движи од досегашните 14.500 денари па се до 21.776 денари.
Со оваа мерка ќе бидат поддржани 83.000 работни места во нашата економија на месечно ниво, односно вкупно 250.000 плати за последниот квартал.
За реализација на оваа мерка ќе се одвојат 70 милиони евра, пари за директна помош на работните места.
Во период на сериозна глобална здравствена и економска криза, Владата предводена од СДСМ, со пакет мерки, во вкупна вредност од 470 милиони ерва, застанува зад секој поединец, зад секој приватен субјект кој е погоден од негативите последици.