Понеделник e неработен ден за сите граѓани на Р.Македонија

Сподели

Од министерството за труд и социјална политика известуваат дека по повод православниот христијански празник Божиќ – 7 јануари (недела), неработен ден за сите граѓани на Македонија е 8 јануари (понеделник).

Од министерството воедно го честитаат Божиќ на сите граѓани од православна вероисповед.