Поп звездата Џорџ Мајкл почина во својот дом за Божиќ

Сподели

Светски популарната поп звезда Џорџ Мајкл почина на 53. години во својот дом, пренесе англиски Телеграф.

Смртта е потврдена и од англиската полиција, според која нема никакви сомнителни околности околу неа.

Пејачот, кој ја почнува својата кариера во Вам во 80-те, а потоа продолжува како соло-пејач, „починал мирно во својот дом“.

Мајкл, кој е роден како Јоргос Киријаку Панајоту во северен Лондон, во текот на својата речиси 4-децениска кариера продава над 100 милиони албуми. Првата поголема слава ја има со групата Вам, која ја формира со неговиот школски другар Ендру Риџли.

„Со голема тага може да ви потврдиме дека нашиот драг син, брат и пријател Џорџ почина мирно во својот дом за време на божиќните празници.

Семејството бара да се почитува нивната праиватност во ова тешко и емотивно време. Во овој период нема да има дополнителни коментари на темата“, соопштил публицистот на Мајкл.

 

Во 2011 Мајкл одложи серија концерти откако беше хоспитализиран поради пневмонија. По ова тој имаше неколку сериозни оперативни зафати во неколку болници во Европа.