Партија на обединети пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ), поаѓајќи од својатата програма и планираните мерки за реформи во пензиските политики, даде поддршка на иницијативата на премиерот Заев и Владата за отпочнување на активности за воведување на државна социјална пензија.
– Ваквата реформска мерка, која има за цел помагање на социјално најзагрозените граѓани од „третото доба“, ќе овозможи основна и егзистенцијална сигурност за значаен број од нив – велат од ПОПГМ.
ПОПГМ ја поддржува Владата и во имплементација на проектот „Субвенциониран студентски оброк и други студентски потреби“ со кој, со давање на наменски бенефиции за студентите, се создадат претпоставки за подобрување на условите за студирање и финансиско олеснување за буџетите на нивните семејства.