МАКЕДОНИЈА – Претежно облачно со умерен, а во источните делови и долж Повардарието засилен, повремено силен ветер од југоисточен правец (70 км/ч.)
Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, пообилни во западните делови (над 20 л/м2), каде на повисоките планини ќе бидат од снег.
Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени.
Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Претежно облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд.
T= 11 °C, P= 972 hPa, U= 75 %, V= 6 m/s.