Попоски на министерски состанок во Братислава

Сподели

10999810_951819291496065_7190118210097494659_nЗаменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, од денеска е во дводневна посета на Братислава, каде ќе учествува на неформалниот состанок на министри за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија и земјите-кандидати за членство во ЕУ: Македонија, Албанија, Црна Гора, Србија и Турција.

Учеството на Попоски на состанокот е на покана на високиот претставник за надворешни работи и за безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини, и на Мирослав Лајчак, министерот за надворешни работи на Словачка Република, во својство на земја претседавач со Советот на ЕУ.

За време на состанокот, Попоски ќе оствари и билатерални средби.

Извор:http://meta.mk/poposki-na-ministerski-sostanok-vo-bratislava/