КИЛИС (АА) – Турскиот обвинител Екрем Бејазташ (46), кој беше разрешен од функцијата во рамките на истрагата по обидот од страна на терористичката организација ФЕТО за државен удар во Турција, беше уапсен во турскиот град Килис при обид да избега во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
За Бејазташ е издаден налог за апсење, а приведен е во селото Дуруџа, на турско-сириската граница. Станува збор за село коешто е под контрола на ПДЈ. По криминалистичката обработка, тој е испорачан до судот, каде што му е одреден притвор.
Поранешниот обвинител по медицинската контрола е префрлен во затвор.
Бејазташ во обидот да премине на сириска територија бил спречен од страна на турските безбедносни сили. Кај него се пронајдени лажни документи на име на неговиот брат Тахсин Бејазташ.