Најголемиот трансфер на затвореници од Гвантанамо

Сподели

gvatanamo

ЊУЈОРК (АА) – Петнаесет затвореници биле префрлени од затворот Гвантанамо на Куба во Обединетите Арапски Емирати, соопшти денеска Пентагон, јавува Anadolu Agency (AA).

Специјалниот пратеник на САД за Гвантанамо, Ли Волоски, истакна дека ова е еден од најголемите трансфери од затворот на Куба во рамките на мандатот на Барак Обама, претседателот на САД.

Со овој потег, бројот на затвореници во Гвантанамо е намален на 61, од 242, колку што имаше кога Обама беше избран за претседател на САД во 2009 година. Тој тогаш изјави дека ќе го затвори затворскиот комплекс на Куба.

Трансферот на 12 државјани од Јемен и тројца Авганистанци наиде на остри критики од републиканците во Конгресот.