Поранешниот министер за труд и социјала, Џелал Бајрами, избран за јавен обвинител

Сподели

12583825_1553580024957103_1930566399_n-860x680

Советот на јавни обвинители денеска донесе одлука Џелал Бајрами, поранешниот министер за труд и социјална политика, член на ДУИ, да го избере за јавен обвинител во Републичкото јавно обвинителство, јавува „Алсат М“.

Бајрами стана заменик на јавниот обвинител Марко Зврлевски, заедно со Анита Топалова-Исајловска, сопруга на новоименуваниот заменик-министер за надворешни работи Илија Исајловски.

– Џелал Бајрами е избран за да се испочитува принципот за соодветна и правична застапеност. За изборот на Исајловска, нема ништо спорно. По заслуга напредуваше. Постојано ќе има незадоволни од одлуките и тоа е нормално –  изјави Петар Аневски, претседател на Советот на јавни обвинители.

Поранешниот уставен судија Зоран Сулејманов, по четири години поминати во Советот на јавни обвинители, денеска повторно беше реизбран за член.

Поранешниот министер за труд и социјала, Џелал Бајрами, избран за јавен обвинител