Во Скопје вечерва загадувањето е на многу високо ниво. Најзагадено е во Маџир Маало каде мерните единиципокажуваат 410 ПМ 10 честички на метар кубен. Во Кисела Вода, покажува 398 ПМ 10 честички.
Околу 300 е и во Ново Лисиче и Гази Баба, каде мерните станици во овој момент мерат 296, одосноо 287 ПМ10 честички на метар кубен.
Високи вредности, односно во црвената и виолетова зона се речиси сите останати мерни станици во Скопје.
Аерозагадувањето е високо и во Кавадарци, Гостивар, Тетово и Велес.