МВР ја информира јавноста дека денеска четврток поради фудбалскиот натпревар меѓу екипите на ФК “Шкендија“ и ФК “Милан“ што ќе се одигра на стадионот “Телеком арена“ во Скопје, ќе воведе посебен режим на сообраќај за возила и пешаци.
Почнувајќи од 15.00 часот ќе биде ограничено движењето по сообраќајниците кои водат кон фудбалскиот стадион “Телеком Арена“, и тоа: бул.“Илинден“, улиците “Ристо Шишков“, “Аминта Трети“, “Наум Наумовски Борче“, сервисната улица во Градскиот парк околу фудбалскиот стадион, како и улицата “Лазар Личеноски“.
Ограничувањето нема да важи само за возила кои имаат акредитација за движење по горенаведените сообраќајници за влез кон спортскиот објект, а во однос на пешаците ограничувањето нема да важи само за лица кои поседуваат карти за фудбалскиот натпревар.