Министерството за внатрешни работи информира дека денеска од 19 часот ќе биде организиран посебен сообраќаен режим во централното градско подрачје, поради протестен марш на ВМРО-ДПМНЕ, од плоштадот ВМРО до пред зградата на Владата на Република Македонија.
Од МВР апелираат граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.