Последен ден за формирање влада

Сподели

 

На полноќ истекува рокот за мандатарот Никола Груевски да состави влада и до тогаш треба да го добие одговорот од првиот човек на ДУИ, Али Ахмети дали партијата ќе коалицира со ВМРО-ДПМНЕ.

Во седиштето на ДУИ во Мала Речица денеска продолжуваат консултациите за тоа дали партијата ќе коалицира со нивниот досегашен партенер во владата ВМРО ДПМНЕ. Крајниот рок за мандаторот Никола Груевски за формирање влада истекува на полноќ. Централното претседателство на ДУИ во проширен состав синоќа до доцна во ноќта расправаше по прашањето, но состанокот не резултираше со договор.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети по состанокот посочи дека ги анализираат сите опции со цел да ја донесат најдобрата можна одлука во корист на Албанците и на сите други граѓани на Македонија. Портпаролот на партијата Бујар Османи пак изјави дека се уште не бил исцрпени сите аргументи по однос на опциите коишто ги има ставено ДУИ на маса.

Неофицијално, централното претседателство на ДУИ треба да се состане во 14 часот во седиштето на партијата во Мала Речица.

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи претходно изјави дека важно е одлуката да биде правилна, а не навремена.

Овие два дена, додека истекува рокот за формирање на влада, нема никакви информации од ВМРО-ДПМНЕ.