Пост на Фејсбук неосновано тврди дека децата во Шангај одат на училиште во заштитна облека

Сподели

 

Видеото прикажано во постот е снимено во училиште во Кина, но не  е точно дека децата секојдневно одат во комплетна заштитна облека. Станува збор за заразени деца со ковид-19, кои поради заштита се така облечени и се спроведуваат во карантински центар. Бројот на случаи на ковид-19 во Шангај расте од 12 март оваа година. Затворени се сите основни и средни училишта, а учениците се префрлени на учење од дома, пишува Вистиномер

 

Пост на Фејсбук тврди дека децата во Шангај – Кина, поради појавата на коронавирусот, на училиште одат облечени во целосни заштитна облека.

Вака децата одат на училиште за време на моменталниот карантин во Шангајсе вели во постот, придружен од видео клип на кој се гледаат деца во заштитна облека.

Нашата проверка покажа дека ова не е точно.

Постот е придружен со видео на кое се гледа како деца облечени во заштитна облека, едно позади друго се движат и во рацете носат големи рачни торби. Она што е сомнително во видеото е што тие торби не личат на училишни ранци. Во еден момент на едно од децата му паѓа торбата, а возрасни луѓе му помагаат да ја подигне.

Друго што е необично на видеото е тоа што децата уредно одат едно позади друго, што не е вообичаено за секојдневно пристигнување на децата на училиште. Имено, некои доаѓаат порано, некои подоцна. Ова движење потсетува на организиран трансфер.

Бројот на случаи на ковид-19 во Шангај расте од 12 март оваа година. Затворени се сите основни и средни училишта. Учениците се префрлени на учење од дома. Дури и видеото ако е направено во училиште, тоа не ја отсликува ситуацијата од последните денови, ниту деновите кога е објавен постот што го анализираме (19.04.2022).

Слични фотографии на кои се прикажани деца во заштитна облека од Кина се појавија на социјалните мрежи во минатото, но тие не ја прикажуваа секојдневната рутина на учениците, пишува порталот „Делфи“.

Во јануари годинава се споделуваше видео на кое се гледаа деца облечени во заштитни костуми со торби во раце како се придружувани до автобус. Снимката беше направена во градот Ањанг во близина на училиште каде беа откриени 9 случаи на ковид-19. Како резултат на тоа, повеќе од 4.000 лица од училишниот персонал и ученици беа принудени да одат во центрите за карантин.

 

https://youtu.be/ULpKMiOWopY

 

Слична ситуација може да се види и на видеото во постот што го анализираме, односно поради појава на случаи на ковид-19, децата биле спроведени во карантински центри.

Оваа верзија ја потврдиле и Кинези кои ја коментирале истата објава на Твитерпишува „Делфи“.

Еден корисник, на пример, јасно ставил до знаење дека изјавите за децата од Шангај кои секој ден патуваат на училиште облечени на овој начин се лажни вести.

Вистинското објаснување е дека нови случаи на ковид-19 се откриени на училиште и децата се заштитени во костуми за изолација. Заразените деца беа облечени во заштитна облека и во придружба на наставниците беа префрлени од училиште во болница. Децата ги држат своите играчки и потребните работи во нивни раце.

Точно е дека видеото е снимено во училиште, но не  е точно дека децата секојдневно одат во целосна заштитна облека. Станува збор за заразени деца со ковид-19, кои, поради заштита, се така облечени и се спроведуваат во карантински центар. Според тоа, може да се заклучи дека постот што го анализираме е невистинит.