Пулицеровите награди за придонес во новинарството и уметноста беа доделени на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Меѓу лауреатите се новинските агенции Асошиејтед прес и Ројтерс, како и новинари од „Њујорк тајмс” и „Лос Анџелес тајмс”.
„Питсбург пост газет” ја доби наградата за најнова вест, а „Саут Флорида сан сентинел” беше награден за известување за настани од јавен интерес.
Неодамна починатата соул пејачка Арета Френклин постхумно го доби специјалното признание за „неизбришлив петдецениски придонес кон американската музика и култура”.
https://www.youtube.com/watch?v=KtBbyglq37E