Во рамките на 43-от Сабор на Сојузот на геодети на Србија, кој се оддржа во периодот од 15-ти до 17-ти септември 2023 година во Брзече, во подножјето на планината Копаоник, Р.Србија, на свечен чин претседателот на Комората на трговски друштва за геодетски работи на Република Македонија, м-р Никола Рибароски, дипл.геод.инж. и домаќинот на настанот, претседателот на Сојузот на геодети на Србија, Доц. Д-р. Младен Шошкиќ, дипл.геод.инж. потпишаа Меморандум за соработка, со којшто беа поставени темелите за поттикнување и иницирање на активности за соработка на различни начини од областа на работа на овие две институции.
“Потпишувањето на овој меморандум е од особено значење за постигнувањето на заедничките интереси преку меѓусебна соработка и континуирана активност и координација помеѓу професионалните и стручни тимови во постапките за изготвување на нацрт-прописите за развој на геодетската професија во двете републики, со меѓусебна размена на информации, искуства и користење најдобри практики преку поттикнување на вмрежување на геодетски стручни лица и геодетски компании заради заеднички настап за реализација на различни проекти на пазарите на Р. Србија и Р. Северна Македонија. Со едукативни активности преку организирање на стручни состаноци, консултации, семинари,з аеднички проекти за членките на институциите потписнички.
Меморандумот не го огрaничува, туку само ги усмерува сферите на заедничките интереси и создава амбиент за негова реализација.
Посебно ме радува што меѓусебната соработка, преку примената на овој Меморандум од страна на двете страни потписнички на документот, ќе се одвива и реализира професионално во духот на добрата деловна и меѓународна соработка”, изјави на настанот Доц.др.Младен Шошкиќ, претседател на Сојузот на геодети на Србија.
“Да се потпише Меморандум за соработка со единствената организација од Република Србија е многу значајно за нас како професионалци во геодетската сфера, но и можност за соработка со сите геодетски стучни лица и сите геодетски компании од р.Србија. Овој меморандум помеѓу останатото, предвидува поттикнување за вмережување на геодетските стручни лица и на геодетските компании од двете земји со цел размена на искуства, техника и технологија, користење на најдобри практики, како и заеднички настапи за реализација на различни проекти на пазарите во Република Србија и Република С. Македонија. Исто така, претставува поттикнување на процесот за слободен пристап на двата пазари на труд, преку изедначување и меѓусебно признавање на сите видови лиценци и овластувања, коишто им се потребни за работа на стручните лица и геодетските организации и друштва од двете земји”, изјави г-дин м-р Никола Рибароски, дипл.геод.инж., претседател на Комората на ТД за геодетски работи на Р.Македонија .
Комората на трговски друштва за геодетски работи е воспоставена во 2008 година како професионална, независна и непрофитна организација со јавни овластувања, коишто се однесуваат на постапката за стекнување на лиценца за вршење на оперативно – теренски работи на правните лица што ги исполнуваат условите за работа како неопходен сервис во најразлични области поврзани со решавање на сопственоста на земјиштето, но и општо на недвижниот имот. Во неа членуваат околу 136 правни лица. Комората од 2019 година е дел од Сојузот на Стопански Комори, кој претставува значаен фактор и водечка сила на обединетите мали и средни претпријатија. Исто така, Комората е полноправна членка на Европскиот Совет на геодети (CLGE).
Како единствена организација, којашто ги обединува приватните гоедетски компании во државата, Комората на трговски друштва за геодетски работи на Република Македонија, максимално е посветена за подобрување на условите за работа на своите членки, но и за развој и просперитет на севкупната дејнос. Исто така, интензивно работи на воспоставување бизнис контакти за соработка со најразлчни домашни и странски институции, преку кои ги јакне нејзините капацитети со цел надминување на предизвиците со кои се соочува дејноста.